• петок, 23 август 2024

Општина Чашка гради ново модуларно училиште во село Бањица, во тек e реконструкција и опремување на голем број училишта во општината

Општина Чашка гради ново модуларно училиште во село Бањица, во тек e реконструкција и опремување на голем број училишта во општината

Велес, 22 август 2024 (МИА) - Во селото Бањица, Општина Чашка започна со  изградбата на ново модулано  училиште, кое треба да биде готово некаде до крајот на октомври, информира за МИА, градоначалникот Горан Стојановски. Тој појасни дека по неговата изградба, некаде од 1 ноември годинава во него  ќе биде преместена новоформираната албанската паралелка од лани, која пo противењето на родителите на учениците Македонци, со одлука на Министерството за образование и наука привремено беше сместена во просторија на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка“, а е заведена во склоп на ООУ „Лирија“ од село  Горно Јаболчиште.

Стојановски  појасни дека од лани новоформираната  албанската паралелка, годинава ќе биде комбинирана со шест ученика во второ одделение и пет првачиња. Останатите ученици од албанска националност од трето до деветто одделение и понатаму како и досега  ќе учат во паралелките со македонски јазик во ООО„Тодор Јанев“ во Чашка.

Инаку  со средства од буџетот на Општина Чашка се  гради платформата за новото модоларно училиште во село Бањица, а потоа модуларното училиште ќе се гради со средства од Министерството за образование и наука. Училиштето  ќе има три училници, канцеларија за наставниците, тоалети и други помошни простории за парното затоплување.

Воедно градоначалникот Стојановски информира дека во  Општина Чашка покрај ново училиште во селото Бањица  се реализираат или започнаа да се реализираат и голем број  проекти - најголеми инвестиции во образованието годинава, кои ќе ја подобрат наставата  на учениците во општината. Станува збор за комплетна термо фасада на ООУ „Петар Поп Арсов“ во селото  Извор и на ООУ „Лирија“ во  Горно Јаболчиште, комлетно партерно уредување на дворот во новото училиште ООУ „Лирија“ во Долно Јаболчиште кое треба да започне со настава од  1 депетември, доградба на новата спорска сала во склоп на дворот во ООУ „Лирија“ Горно Јаболчиште, кско и набавка на нов училишен мебел за новото училиште во село Долно Јаболчиште.

Вкупната инвестиција на сите овие проекти е околу еден милион евра обезбедени од МОН, ТАВ програмата и Општина Чашка.

Градежните зафати ги изведуваат фирмите „Изгрев Инженеринг“ и „Делта пром“ од Велес, како и фирмата „Виа Игнација“ од Битола.

-Со реализацијата на сите овие проекти до крајот на оваа година, ќе се овозможи подобрување на условите за одвивање на квалитетна настава за сите ученици во нашата општина,потенцира градоначалникот Стојановски.ад/са/

 
Фото: Општина Чашка 

Остани поврзан