• петок, 22 ноември 2024

Славески: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП (ДПЛ)

Славески: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП (ДПЛ)

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Советничките групи во Советот на Град Скопје на наредната седница на Советот на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица,  како и средства за ЈСП  со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси, изјави претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.

На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи Славески посочи дека градоначалничката Арсовска дошла со директорите јавните претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена Скопје и ЈСП Скопје, надлежни за областите кои се најгорливи во Скопје чистота во градот и јавниот превоз. Директорите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило со оглед дека се нови на функцијата, само 10 -тина дена, не можеле да дадат конкретни одговори на прашањата, и останало дополнително советници да бидат информирани за прашањата што ги поставуваа. 

-На состанокот од јавните претпријатија беше нагласено дека им е потребна дозвола за набавка на нова механизациоја, опрема и др. Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20, а во некои групи и 30 години, вели Славески.

Во однос на јавниот превоз во Град Скопје, кажа дека и на средбата во понеделникот било констатирано дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк, но и дека добар дел на возниот парк е нефункционален. Повтори дека од Владата била изразена подготвеност дека дел од средствата кои се неискористени а се наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје промптно да се префрлат на сметката на Град Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси што не се во функција, во пресрет на почетокот на новата учебна година.

-Затоа што овде имаме две  клучни дати, едната е 1 односно 3 септември кога е почеток на учебната година, за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат  на факултетите. Според проценката на директорот дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени и да се стават во функција доколку овој договор околу префрлањето на средства од страна на Владата и започнување на сервисирање на оној долг од осум милиони евра што претходната Влада го направи кон ЈСП, рече Славески.

Тој изрази очекување дека од 1 септември  јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакува.

-Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот. 

Прашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска ги повика советниците да ги поддржат плановите на Град Скопје, Славески повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно. Во однос на БРТ системот, потсети дека претседателот на Владата во понеделник изрази сомнеж дека за кусо време советниците би дале дозвола за продолжување на овој проект.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Гордан Шутаров изјави дека на средбата директорите упатиле апел да се изгласа програмата за сезонски вработувања во ЈП Комунална хиогиена и за започниување на процедура за набавка на нови автобуси, како и на отпочнување на реалзиација на БРТ системот (Бас рапид транзит сисстем). Тој изарзи жалење што програмите на дел од јавните претпријатија во изминатите 2022 до 2023 години не биле гласани од Советот за што било потребно мнозинство од 23 советници, укажувајќи при тоа дека апелирале до сите а особено до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство пратеници да ги поддржи, и го поздрави повикот на претседателот на Владата да се изгласаат програмите на Град Скопје.

-Мене ми е драго што премиерот повикал да се изгласаат тие програми затоа што станува збор за Совет на Град Скопје кој носи одлуки во интерес на граѓаните за да го направи животот на граѓаните подобар, рече Шутаров.

Во однос на Бас рапид транзит системот, за кој е донесен закон во Собрание, и се обезбедени средства од ЕБОР од 70 милиони евра, Шутаров повика советниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и Владата да заземат став за овој проект, оти смета дека тој е решение за јавниот превоз во Скопје со кој се модернзира и оптимизира јавниот градски превоз.

-Мило ми е што конечно се одважија од мнозинството дека конечно ќе почнат да ги гласаат програмите, иако за програмата за животна средина веќе сме август, септември веќе е крај. Апелирам за наредната година кога ќе се носи буџетот да биде тој процес потранспарентен и програмите кои што ќе овозможат не на градоначалничката да работи туку граѓаните да ги добиваат своите услуги, да бидат носени заедно со буџетот или со почетокот на годината, рече Шутаров.

На новинарско прашање зошто градот е нефункционален, односно дали чувствуваат одговорност за тоа што се случува во Градот, тој истакна дека како советничка група се проактивни, ги гласале програмите на Градот и учествуваат со свои предлози во работатат на Советот, но дека со 12 советници можат само да бидат коректив на мнозинството.

-Во прашање е политичка волја. Од 45 избрани советници кои се претставени во осум советнички групи треба да имаме мнозинство од 23 советници кои што ќе дадат позитивно мислење за определена одлука, рече меѓу другото Шутаров. 

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски потврди дека тие ќе ги гласаат програмите што ќе ги понуди градоначалничката Арсовска на седницата на 29 август, но оцени дека со тоа нема да се реши ништо затоа што смета дека е потребно да се смени односот на директорите во менаџирањето на јавните претпријатија и пристапот на работа.  

На истото прашање дали чувствуваат морална одговорност за состојбите во Градот Скопје, Шутаров рече дека сите програми биле изгласани од страна на советничката група освен новите за дополнителните врабиотувања во Комунална хигиена.

За тоа дали би поддржале набавка на нови автобуси за ЈСП, тој рече дека немаат добиено никакави информации за условите за набавка на автобуси. вг/аа/

Фото:МИА

 

Остани поврзан