Конференција „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“
- Конференција „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“ ќе се одржи денеска како дел од проектот „Се за младите“, финансиски поддржан од Европската комисија, а го спро
![Конференција „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“](https://mia.mk/index.php/images/20221113210454_big_730x400_13.webp )
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Конференција „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“ ќе се одржи денеска како дел од проектот „Се за младите“, финансиски поддржан од Европската комисија, а го спроведува Здружението на граѓани „Младите можат“.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од анализата на моменталната ситуација за „Средношколците и пристапот до услуги за ментално здравје“.
Преку дискусија ќе се отвори прашањето за тоа на кои препораки е потребно да работиме првесвтвено за да ја подобриме грижата за менталното здравје меѓу младите.
Настанот е во организација на Здружение на граѓани „Младите можат“. свс/са/