Коман ќе го пропушти мечот со Шалке поради контакт со заразен со коронавирус
- Играчот за врска на Баерн, Кингсли Коман, ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во Бундеслигата против Шалке, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен.
Минхен, 16 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Баерн, Кингсли Коман, ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во Бундеслигата против Шалке, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен.
Дваесет и четиригодишниот Французин е дома во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус.
Резултатот од тестот на Коман беше негативен.
Натпреварот Баерн - Шалке ќе се одржи на 18 септември. зс/