• сабота, 23 ноември 2024

Кина воведе санкции за две американски компании поради продажба на оружје на Тајван

Кина воведе санкции за две американски компании поради продажба на оружје на Тајван

Пекинг, 11 април 2024 (МИА) - Кина денеска соопшти дека вовела санкции за две американски компании за производство на воена опрема поради продажба на оружје на Тајван, кој го смета за отцепен остров што мора да биде вратен дури и со сила.

Со санкциите се замрзнуваат средствата на „Џенерал Атомик Аеронаутикал Системс“ и „Џенерал Динамик Ленд Системс“ во Кина. Со оваа мерка се забранува и влез на менаџментот на тие фирми во земјата.

„Џенерал Динамик“ му помага на Тајван да купи тенкови „Абрамс“ за да го замени стариот тип со цел да се одврати или да се спротивстави на инвазијата од Кина.

„Џенерал Атомик“ ги произведува беспилотните летала „Предатор“ и „Рипер“ што ги користи американската војска. Кинеските власти не кажаа ништо за наводната вмешаност на компаниите во испораката на тоа оружје на Тајван. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан