• сабота, 19 октомври 2024

Кабинет на израелскиот премиер: Нетанјаху вечерва ќе разговара со Бајден

Кабинет на израелскиот премиер: Нетанјаху вечерва ќе разговара со Бајден

Тел Авив, 9 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден, потврдија од неговиот кабинет.

Телефонскиот разговор се очекува да биде фокусиран на планот на Израел да возврати по нападот со балистичка ракета на Иран минатата недела, објави „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска соопшти дека Нетанјаху го откажал планираното патување на министерот за одбрана во Вашингтон до средбата со Бајден. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан