Поддржувачи на Милеј формираат вооружена група за поддршка на десничарскиот аргентински пртетседател
- Група приврзаници на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј најавија создавање „вооружено крило“ на неговата слободарска партија. Групата се опишува себеси како лојални војници решени да ја бранат агендата на екстремно десничарскиот политичар.
Буенос Аирес, 19 ноември 2024 (МИА) - Група приврзаници на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј најавија создавање „вооружено крило“ на неговата слободарска партија. Групата се опишува себеси како лојални војници решени да ја бранат агендата на екстремно десничарскиот политичар.
„Небесните сили“ беа промовирани доцна во саботата од истакнатиот приврзаник на Милеј, десничарскиот влијателен Даниел Парисини, кој ја нарече „Преторијанска гарда“ на Милеј, според елитната воена единица што ги штитеше римските императори.
Иако Парисини ја опиша групата како „вооружена“, ниту тој, ниту другите поддржувачи не покажаа оружје на настанот во Буенос Аирес.
Инфлуенсерот, кој му помогна на Милеј да победи на изборите организирајќи онлајн кампања за поддршка на неговата кандидатура, рече дека новата група ќе се натпреварува за избрана функција со партијата на претседателот пред парламентарните избори што се очекуваат следната година. паг/