• вторник, 24 декември 2024

Иран ги отфрли новите санкции на ЕУ и Велика Британија како „неоправдани„ и „лажни“

Иран ги отфрли новите санкции на ЕУ и Велика Британија како „неоправдани„ и „лажни“

Техеран, 19 ноември 2024 (МИА) - Иран денеска ги отфрли новите санкции што Европската унија и Велика Британија ги воведоа против иранските бродски линии, нарекувајќи ги „неоправдани“ и засновани на лажни тврдења за трансфер на ракети во Русија. 

Иранското Министерство за надворешни работи објави дека санкциите воведени вчера од Брисел против Иранската бродска линија (IRISL) и нејзиниот директор се резултат на наводната поддршка на Техеран за Русија во нејзината војна со Украина, пренесоа британските медиуми. 

И Велика Британија вчера воведе санкции против иранската национална авиокомпанија и бродскиот превозник, како одговор на тврдењата дека Иран и пренесува балистички ракети на Русија. 

Иранското МНР соопшти дека ги смета овие санкции за „неоправдан чин што се коси со меѓународното право“, додавајќи дека европските страни го кршат меѓународното право, вклучително и слободата на пловидба и поморската трговија. 

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Москва и Техеран ја интензивираа воената и економската соработка, посочуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан