• вторник, 11 март 2025

И покрај примирјето, израелската армија елиминираше четири лица во Појасот Газа

И покрај примирјето, израелската армија елиминираше четири лица во Појасот Газа

Газа, 11 март 2025 (МИА) – Во израелски напад загинаа четири лица, а 14 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во јануари Израел и Хамас договорија прекин на огнот, што главно се почитува. Израел минатата недела ги стопира испораките на стока и електрична енергија со цел да изврши притисок, Хамас да прифати пролонгирање на првата фаза од договорот, што заврши на 1 март, но неофицијално е продолжена до крајот на месецот.

Израел сака Хамас да ослободи половина од преостанатите заложници во замена за ветување дека ќе преговара за траен прекин на огнот, но Хамас сака преговори за втората фаза од прекинот на огнот за време на која ќе бидат ослободени преостанатите заложници од Газа, ќе се повлече израелската војска и ќе се воспостави постојан мир.

Се претпоставува дека Хамас држи 24 живи заложници и 35 тела. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан