• понеделник, 27 јануари 2025

Иранскиот министер за надворешни работи, Арагчи се сретна со високите талибански претставници во Кабул

Иранскиот министер за надворешни работи, Арагчи се сретна со високите талибански претставници во Кабул

Кабул, 26 јануари 2025 (МИА) - Високи талибански претставници денеска во Кабул разговараа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за тензиите долж заедничката граница, за третманот на авганистанските бегалци во Иран, како и за други теми.

Тоа е прва посета на ирански министер за надворешни работи на Авганистан од 2017 година.

Арагчи рече дека Иран е посветен на враќањето на околу 3,5 милиони авганистански бегалци и нема намера да се меша во внатрешната политика на Авганистан, соопшти Владата во Кабул. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан