• понеделник, 27 јануари 2025

Израелската армија уби 11 луѓе во Либан

Израелската армија уби 11 луѓе во Либан

Бејрут, 26 јануари 2025 (МИА) – Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека израелските војници денеска застрелале 11 луѓе, а повредиле најмалку 83.

Израелската армија соопшти дека отворила оган кога осомничени лица се обиделе да се приближат до војниците кои се распоредени во јужниот дел на Либан. Помеѓу загинатите има и еден либански војник.

Според планираното Израел денеска требаше да го заврши повлекувањето од јужниот дел на Либан, но Тел Авив тврди дека сè уште не се исполнети условите за прекин на огнот. Тоа значи дека израелската армија ќе остане во јужен Либан, но сè уште не е познато колку време.

Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах беше потпишан на 27 ноември и во рок од 60 дена требаше да се повлечат израелските војници и припадниците на Хезболах, а во јужниот дел од земјата да биде распоредена либанската армија.

Претходно Обединети нации соопштија дека сè уште не е безбедно во пограничните региони на Либан за враќање на бегалците. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан