Изложба на дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости
- Изложба на дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости беше отворена денеска во Музеј галеријата во Кавадарци. Присутните можеа да видат дела од Горан Боев, Лазар Дојчинов, Соња Самарџ
Кавадарци, 23 септември 2021 (МИА) - Изложба на дела од кавадаречки ликовни уметници и нивни гости беше отворена денеска во Музеј галеријата во Кавадарци. Присутните можеа да видат дела од Горан Боев, Лазар Дојчинов, Соња Самарџиева, како и од нивните гости, Кире Јосифов, Диме Самарџиев и русинката Анастасија Смирнова.
Писателот Тодор Богев рече дека станува збор за етаблирани и јасно профилирани ликовни уметници, кои досега имаат творено во повеќе ликовни техники.
-Со тек на време, овие уметници имаат издвоено свои конкретни изразни делувања и низ нив позначајно се изразуваат, додаде Богев.
Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева се заблагодари на поддршката од градоначалникот и Советот на општината, како и на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.свд/бт/