• понеделник, 23 декември 2024

ИДФ: Продолжуваат борбите во Рафа

ИДФ: Продолжуваат борбите во Рафа

Тел Авив, 13 јуни 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) соопшти дека продолжува со меѓународно критикуваните операции во градот Рафа на југот на Појасот Газа, јави ДПА.

-Во средата повторно беа пријавени жртви, соопшти денеска израелската војска.

Војниците на ИДФ извршија целни рации во областа, лоцираа оружје и елиминираа неколку терористи во блиска борба, се вели во соопштението на Армијата.

Борбите продолжија и во центарот на крајбрежната област. Според соопштението, таму биле убиени и луѓе, а војниците „елиминирале“ повеќе од 10 терористи.

Меѓу нив беше и еден Палестинец кој, според армијата, бил вмешан во масакрот на Хамас на 7 октомври минатата година.

Вчера „повеќе од 45 терористички цели низ Појасот Газа“ беа нападнати од воздух, додаде армијата. Целите вклучувале вооружени групи, тунели и ракетни фрлачи.

Акциите на израелската армија беа критикувани на меѓународно ниво - особено операциите во Рафа на границата со Египет. Многу луѓе побараа засолниште од војната таму.

Според здравствените власти во Појасот Газа, најмалку 37.232 лица се убиени, а уште 85.037 се повредени во текот на израелската офанзива во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан