Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година.
Киев, 1 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година.
- Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден за подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната, рече тој во својот говор објавен на социјалните мрежи.
Зеленски додаде дека Украина треба да се бори во 2025 година на „бојното поле“, но и на „преговарачка маса“ за да се стави крај на речиси тригодишната руска инвазија.
- Секој ден во наредната година ќе треба да се бориме за Украина која е доволно силна, бидејќи само таква Украина ќе биде почитувана и слушана, рече Зеленски и додаде дека „не се сомнева оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има волја и е способен да постигне мир, како и да и стави крај на агресијата на Путин“. јт/
Фото: Фејсбук