• недела, 05 јануари 2025

Бербок: Европа нема да финансира исламски структури во Сирија

Бербок: Европа нема да финансира исламски структури во Сирија

Дамаск, 3 јануари 2025 (МИА) - Европа нема да финансира создавање на нови исламски структури во Сирија, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со лидерот Ахмед Ал Шара во Дамаск.

- Европа ќе ја поддржи Сирија, но нема да биде спонзор на нови исламски структури, потенцираше Бербок.

Таа додаде дека европската поддршка ќе продолжи само ако во политичкиот дијалог бидат вклучени сите сириски етнички и верски групи, вклучувајќи ги Курдите и жените.

Министерката изјави дека укинувањето на санкциите кон Сирија ќе зависи од понатамошниот политички процес. ссм/

фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан