• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За викендот дожд и повремено снег

За викендот дожд и повремено снег

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Денеска во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд, соопшти УХМР.

Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во Скопје денеска кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Утре во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и во недела и ќе дува умерен северен ветер.са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан