• недела, 28 јули 2024

Започна изградбата на нова медијатека во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Делчево

Започна изградбата на нова медијатека во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Делчево
Делчево, 6 септември 2022 (МИА) - Започнаа градежните работи за адаптација и пренамена на поткровниот помошен простор во деветолетката „Св. Климент Охридски“ во Делчево. Просторот ќе биде наменет за медијатека, со што, како што информираа од училиштето, слободниот простор ќе биде рационално искористен.
- Kорисната површина од 274 м2 кој се наоѓа во поткровјето на стариот реконструиран објект е отворен, без дополнителни прегради и досега се користеше како помошен простор за складирање непотребни материјали на училиштето и беше рационално искористен. Со адаптацијата и пренамената на таванскиот простор се предвидува  решение кое ќе овозможи поинакво и покорисно искористување на таванскиот простор што би било од корист на корисниците, односно учениците, наставниците и училишниот персонал, додадоа од училиштето.
Новата медијатека предвидено е да содржи нова библиотека, читалница и простор за состаноци.
- Исто така тука ќе биде сместено и уметничкото ателје со вклучени музички инструменти и уметничко сликање, како и мултинаменски хол, додадоа од ООУ „Св. Климент Охридски“.
Овој проект е финансиран од МОН и е со вреднот од 4,3 милиони денари, а изведувач е АТРИУМ-ДООЕЛ од Вевчани. вс/ир

Остани поврзан