• сабота, 22 февруари 2025

Заменик министерката Трајков упати честитка по повод Богојавленије - Водици

Заменик министерката Трајков упати честитка по повод Богојавленије - Водици

Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков упати честитка до сите православни македонски граѓани по повод големиот христијански празник Богојавление -Водици.

-Посакувам мир, здравје и благосостојба во секое македонско семејство. Нека овој празник, кога ги осветуваме нашите води, ни даде можност да посветиме почит и внимание кон нашите семејства, нашите соседи и нашите пријатели, свесни дека сплотени можеме да се справиме со сите предизвици и искушенија. Нека ни е честит овој голем христијански празник, се вели во честитката од  Трајков по повод денешниот празник. сст/дма/

фото МИА архива

 

Остани поврзан