• понеделник, 18 ноември 2024

Заклучоци од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

Заклучоци од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), денеска во Скопје се одржа првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“.

Министерот Љупчо Николовски беше домаќин на конференцијата, на која учествуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов.

Основната цел на конференцијата, како што е  наведено во соопштението од МЗШВ, беше во насока заеднички да се зајакне улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Конференција беше исполнета со многу дискусии и презентации кои, како што посочуваат од МЗШВ, допринесоа во креирање на најдобрите практики во зачувување и обновувањето на шумите, а беа донесени и повеќе заклучоци.

- Обновата на шумите треба да има за цел да постигне највисоко ниво на зајакнување за биолошката разновидност, здравјето на екосистемот и благосостојбата на луѓето, притоа ставајќи ги луѓето во центарот на вниманието.

Обновата на шумите треба да се води од добро дефинирани еколошки, културни и социо-економски цели, приспособени на локалниот контекст и земајќи ја предвид пошироката животна средина.
Потребни се политики кои ќе овозможат долгорочен успех и зголемување на обемот на програмите за обнова на шумите.

Потребна е сеопфатна рамка за мониторинг за да се проценат штетите на шумите предизвикани и од биотски и од абиотски агенси за да се овозможи навремен и соодветен одговор.

Опаѓањето на квалитетот на шумите е клучно прашање во Северна Македонија и потребни се активни интервенции за подобрување на еколошката функционалност на деградираните шуми.

Обновувањето на деградираните шуми нуди можност за подобрување на економската вредност на шумите и истовремено подобрување на екосистемските услуги на шумите.

Генерирано е значително ниво на знаења преку истражување и искуство во Северна Македонија и соседните земји за различни аспекти на обновувањето на шумите (на пр. производство на садници, сивикултура, селекција на видови, биотехнологија). Таквото знаење треба да се рефлектира во планирањето и спроведувањето на идните активности за обнова на шумите за да се подобри нивната ефикасност и да се постигне долгорочен успех, се дел од заклучоците донесени на денешната  министерска конференција.

Во најдобар интерес на Северна Македонија, како што посочуваат од ресорното Министерството, би било да се пренасочи фокусот на стратешките шумски активности дополнително во насока на обновување на шумите, а не кон класично пошумување на голи терени. мч/дма/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан