• недела, 22 декември 2024

Заврши проектот за заштита и мониторинг на пештерата Убавица во гостиварска Долна Ѓоновица

Заврши проектот за заштита и мониторинг на пештерата Убавица во гостиварска Долна Ѓоновица

Гостивар, 9 октомври 2024 (МИА) – Со презентација на сработеното и препораките на експертите денеска се заокружи проектот „Заштита и мониторинг на пештерата Ѓоновица – идно НАТУРА 2000 подрачје“.

На завршната работилница пред претставници на локални институции и организации, спроведувачите на проектот спелеолошкиот клуб „Кораби“ и истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ ги презентираа наодите од спроведените истражувања, методологијата, еко акцијата и активностите

Според Беркер Самет од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од почетокот на проектот минатата година било спроведено четири сезонско истражување со кое се обезбедиле нови и биле ажурирани досегашните податоци за пештерата „Убавица“.

- Направена е инвентаризација на пештерските елементи и живиот свет (фауната) во пештерата, а поставена е и врата на влезот на пештерата според европските стандарди за заштита на лилјаците и од оштетувањата на пештерските украси од неодговорни посетители, Самет.

Од другиот партнер во овој проект, локалниот спелеолошкиот клуб „Кораби“ појаснија дека финансиската поддршка доаѓа преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLoad 2) за Косово, Македонија, Албанија и се спроведува преку УНДП.

- Оваа пештера е една од најатрактивните и особено заради тоа што во нејзината внатрешност има водопад, по што е единствена во Македонија. Со овој проект ќе дадеме насоки како да се заштити, но и да биде достапна за туристички посети и научни истражувања, рече спелологот Јетон Османи од клубот Кораби.

Пештерата „Убавица“ која се наоѓа на јужниот дел од општина Гостивар во атарот на селото Горна Ѓоновица е една од поатрактивните во Македонија. Нејзината внатрешност ја истражија спелеолози од Италија и заедно со СК „Кораби“ направија виртуелен приказ на внатрешноста, што овозможува да се разгледува без да се влезе во неа.

http://www.studiotecnicomt.it/Virtual_tour/Ubavica_Cave/05-Tour/Ubavica_2018.html

згм/са/

Фо0то: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан