• среда, 27 ноември 2024

Забраната на пластични ќеси ја истакна снаодливоста на Тајланѓаните

Забраната на пластични ќеси ја истакна снаодливоста на Тајланѓаните
Бангкок, 8 јануари 2020 (МИА) - Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични ќесиња, а тоа ја поттикна снаодливоста и креативноста на Тајланѓаните. Имено, граѓаните во големите продавници почнаа да доаѓаат со хартиени ќеси, платнени торбички, вреќи, кофи, ќупови, колички за малтер, метални канти, па дури и улични препреки за паркирање, коишто свртени наопаку личат на фишек. Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина. На Фејсбук е отворена и посебна страница посветена на новите креативни начини на пазарување. си/паг/

Остани поврзан