• сабота, 23 ноември 2024

Жирона без тренерот и двајца стандардни фудбалери на дербито со Реал по шест дена

Жирона без тренерот и двајца стандардни фудбалери на дербито со Реал по шест дена

Жирона, 4 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Жирона нема да може да го води тимот на натпреварот против Реал Мадрид. Исто така двајца стандардни играчи нема да играат на дербито кое може да биде одлучувачко за шампионскиот трофеј.

На вчерашниот натпревар, каталонскиот клуб одигра нерешено 0:0, со Реал Сосиедад во 23. коло од шпанското првенство. Во 89. минута директен црвен картон доби главниот тренер на Жирона, Мичел Санчез. Тој активно изрази незадоволство од судиските одлуки на Хесус Гил Манцано.

Поради дисквалификацијата Санчез ќе го пропушти следниот натпревар на својот тим во Ла Лига - на 10 февруари против Реал на гости.

Автоматска суспензија добија и Јангел Ерера и Дејли Блинд. Тие добија жолт картон, кој стана нивни петти во тековната сезона во Ла Лига.

Жирона е на второто место во првенствениот поредок со 56 бодови по 23 одиграни натпревари. Реал е во водство - по 22 кола има 57 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан