• сабота, 23 ноември 2024

Експерт предупредува на крах на доларот следната година

Експерт предупредува на крах на доларот следната година
Вашингтон, 21 јуни 2020 (МИА) - Американската валута в 2021 година може да девалвира за една третина, предупреди поранешниот претседател на банката „Морган Стенли Азија“ Стивен Роуч. Тој додаде дека тоа може да доведе до нагло опаѓање на заштедите на домаќинствата и зголемување на државниот по успешното закрепнување по кризата на главните трговски партнери на САД. Роуч тврди дека ерата на „прекумерните привилегии“ на американскиот долар како главна светска резервна валута се доближува до крајот. - Валутите воспоставуваат рамнотежа меѓу внатрешната економска основа на земјата и надворешната перцепција за нејзината сила или слабост, изјави тој за Блумберг и додаде дека во САД таа рамнотежа брзо се менува, поради што во блиска иднина може да се очекува крах на доларот. јт/

Остани поврзан