• сабота, 23 ноември 2024

Дом за стари во Јапонија „најмува“ бебиња

Дом за стари во Јапонија „најмува“ бебиња

Токио, 31 август 2022 (МИА) - Дом за стари лица во Јапонија „вработува“ бебиња и мали деца за да им прават друштво на возрасните жители и заради подобрување на расположението во установата, пренесуваат тамошните медиуми.

- Самиот поглед на бебињата ги насмевнува луѓето, изјави директорката на домот, Кими Гондо. На списокот „задолжени лица“, веќе се запишани повеќе од 30 бебиња, кои им даваат нови обврски и радости на повеќе од 100 луѓе во домот, главно постари од 80 години. Од „малите помошници“ се бара да имаат помалку од четири години и нивните родители или старатели да потпишат договор дека малечките „ќе доаѓаат на работа кога сакаат“. Имаат право на пауза кога се гладни, поспани или нерасположени. - Тие се многу слатки. Ме потсетуваат на времето кога јас бев мајка!, изјави една жена штитеничка во домот. Наградата за бебињата за „добро завршената работа“, се пелени и млеко во прав.  си/

Остани поврзан