• сабота, 23 ноември 2024

Мобилната „Кол оф дјути“ преземена над милијарда пати

Мобилната „Кол оф дјути“ преземена над милијарда пати

Лос Анџелес, 7 ноември 2024 (МИА) - Играта „Кол оф дјути“ за мобилен (Call of Duty: Mobile) е преземена повеќе од милијарда пати ширум светот откако стана достапна, соопшти „Активижн“ (Activision).

Станува збор за игра за „Андроид“ (Android) и „ИОС“ (iOS) што се појави во 2019 година и достигна 270 милиони преземања во првата година од пуштањето. Но, и покрај успехот, „Мајкрософт“ веќе навести крај на играта, што е поврзано со појавата на продолжението на играта, поднасловено „Воена зона“ (за мобилен) (Warzone Mobile), порано годинава.

Сепак, сè уште нема информации за тоа кога првата видеоигра ќе биде исклучена. Продолжението е достапно од 21 март. си/мс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан