Димитриеска-Кочоска за буџетот на МИА: Сѐ што е во законските рамки за исплата на плати е предвидено со ребалансот
- Министерката на финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, денеска, на прес-конференција за ребалансот на Буџетот, во одговор на новинарско прашање за тоа колку средства се издвоени за функционалност на Медиумската информативна агенција (МИА), имајќи предвид дека на Агенцијата за оваа година ѝ беа доделени само 50 отсто од потребните пари, рече дека сѐ што е во законските рамки за исплата на плати е предвидено со ребалансот.
Скопје, 17 јули 2024 (МИА) – Министерката на финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, денеска, на прес-конференција за ребалансот на Буџетот, во одговор на новинарско прашање за тоа колку средства се издвоени за функционалност на Медиумската информативна агенција (МИА), имајќи предвид дека на Агенцијата за оваа година ѝ беа доделени само 50 отсто од потребните пари, рече дека сѐ што е во законските рамки за исплата на плати е предвидено со ребалансот.
– Сѐ што е во рамки на закон и тоа што мора да го земете како плата беше предвидено, тоа беше најголемиот предизвик. Проблемот беше во тоа што во најголем број од институциите платите беа планирани заклучно со месец јуни, иако знаеле колкави ќе бидат платите, рече Димитриеска – Кочоска.
Додаде дека биле направени дополнителни оптоварувања на Буџетот од страна на минатата Влада, која, како што рече, склучувала договори и покрај негативното мислење на Министерството за финансии.
-Направени се дополнителни оптоварувања на Буџетот, затоа што во одредени институции имавме склучување на колективни договори, иако мислењето на Министерството за финансии било негативно. Склучувале колективни договори и тие веднаш стапувале на сила во период на избори, притоа без да имаат обезбедени средства за Буџетот, посочи министерката. ра/ац/
Фото: МИА/Влада