• сабота, 27 јули 2024

Де Хеа трет месец по ред најдобар играч на Манчестер јунајтед

Де Хеа трет месец по ред најдобар играч на Манчестер јунајтед
Манчестер, 2 февруари 2022 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед е прогласен за најдобар играч на клубот во јануари. За голманот на „црвените ѓаволи“ гласале 67 отсто од навивачите. Во Де Хеа прими четири гола на пет натпревари. Триесет и едногодишниот Шпанец трет пат по ред е најдобар во Манчестер јунајтед. На 22 натпревари во Премиер лигата, Манчестер јунајтед освои 38 бодови и се наоѓа на 4. место во поредокот. зс/

Остани поврзан