• сабота, 27 јули 2024

Демократски сојуз: Да се обезбеди стручна и финансиска помош за матичните доктори

Демократски сојуз: Да се обезбеди стручна и финансиска помош за матичните доктори
Скопје, 21 ноември 2020 Здравствениот експертски тим на Демократскиот сојуз предлага да се разгледа можноста во ординациите на матичните доктори да се вклучат и интернисти кои ќе им помагаат околу третманот на пациентите инфицирани од коронавирусот Ковид-19. Покрај тоа државата да ги помогне финансиски и со потебната заштитна опрема и средства, средства за дезинфекција и др. она што е неопходно за успешно лекување на граѓаните. И досега матичните доктори се во директна комуникација со пациентите, но нивниот обем на работа ќе се мултиплицира со се' поголемиот број на инфицирани граѓани, поготово во услови на неможност сите пациенти болнички да се третираат. Воедно предлагаме во услови на прогласена кризна состојба да се упрости постапката за увоз на лекови. Законските процедури не смеаат да бидат причина да нема услови за да се набават лекови, кислородна поддршка на пациентите или да нема заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал. Демократскиот сојуз апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на здраствените власти, да носат маски, да не се групираат и да држат дистанца како и да ги дезинфицираат рацете. Мораме сите да се прилагодиме на "нормално" живеење во услови на криза, а процесот на работа и производство да тече со примена на највисоките стандарди за заштита на работниците. Демократски сојуз ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан