• четврток, 25 јули 2024

Демократските лидери на Конгресот изразија поддршка за Харис

Демократските лидери на Конгресот изразија поддршка за Харис

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Демократските конгресни лидери од Сенатот и Претставничкиот дом, Чак Шумер и Хаким Џефрис во изјава на прес брифинг денеска што се одржа на Капитол Хил дадоа поддршка потпретседателката Камала Харис да се номинира за претседателски кандидат од Демократската партија.

Откако претседателот на САД Џо Бајден во неделата објави дека ја завршува својата кампања за реизбор и советуваше негова замена на изборите во ноември да биде потпретседателската Харис, голем дел од Демократската партија брзо се сплоти околу неа. За запазување на демократските процедури на партијата, таа сега се очекува да добие поддршка од мнозинството делегати потребни за освојување на номинацијата.

На лидерите на Конгресот им требаше повеќе време, иако другите демократи ентузијастички објавија дека ја поддржуваат нејзината кандидатура.

Претставничката Ненси Пелоси од Калифорнија, поранешната спикерка на Претставничкиот дом, ја даде својата поддршка за Харис синоќа, завршувајќи ја шпекулацијата за тоа дали ќе се залага за конкурентни примарни избори. кб/

Остани поврзан