• среда, 27 ноември 2024

Делегација на ЕУ учествува на Генералното собрание на ОН

Делегација на ЕУ учествува на Генералното собрание на ОН

Брисел, 18 септември 2023 (МИА) – Делегација на Европската унија, во чиј состав се претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателките на Европарламентот и на Еврокомисијата, Роберта Мецола и Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарите Марош Шефчович, Дубравка Шуица, Јута Урпилаинен и Виргинијус Синкевичиус, престојува во неколкудневна посета на Њујорк, каде ќе учествува во работата на 78-то Генералното собрание на ОН. 

Мишел и Борел синоќа присуствуваа на трилатералниот состанок на ЕУ, Африканската унија и Обединетите нации, а потоа во придружба на еврокомесарката за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен имаа средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. 

Мишел, Мецола, Фон дер Лајен и Борел, како претставници на ЕУ, утре ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на Генералната дебата на 78-то Генералното собрание на ОН.  

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, при што повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот и

Претседателот на Советот на ЕУ, Мишел утре ќе учествува и на форумот „Кон фер и меѓународна финансиска архитектура“, а в среда на состанокот насловен „Превенција на пандемија, подготвеност и одговор“ и на Самитот за климатски амбиции. В четврток е предвидено Мишел да има обраќање на Генералното собрание во името на ЕУ. 

Претседателката на ЕП, Мецола денеска ќе учествува на Самитот Конкордија, ќе се обрати на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија и ќе се сретне со претставници на еврејската заедница во Њујорк, а утре ќе има билатерална средба со претседавачот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис.  

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен денеска ќе учествува на Самитот на целите за одржлив развој за 2023 година, а утре покрај на отворањето на Генералното собрание на ОН, ќе присуствува и на Форумот на Блумберг за транзициска финансиска акција. В среда таа заедно со еврокомесарот Шефчович ќе учествува на Самитот за климатски амбиции, а потоа ќе се обрати на доделувањето на наградите на Атлантскиот совет за 2023 година, додека в четврток ќе биде главен говорник на сесијата посветена на климата насловена „Глобален граѓанин сега“. 

„Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи“, по

Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел денеска ќе присуствува на состанокот посветен на мировниот процес на Блискиот Исток, заедно со претставници на Арапската лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан, по што ќе претседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и ќе учествува на средбата на шефовите на дипломатиите на Г7. Утре Борел по отворањето на Генерално собрание на ОН, ќе има средба со лидерите од Западен Балкан, а в среда ќе копретседава со 13-тиот министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, ќе учествува на министерскиот состанок на Ад-хок Комитетот за Палестина и ќе говори на јавен настан на Универзитетот во Њујорк посветен на улогата на Европа во светот. В четврток, Борел ќе говори во името на ЕУ на состанокот на министерско ниво за Самитот на иднината, потоа ќе учествува на средбата на Групата пријатели за отчетност по руската агресија врз Украина, а вечерта ќе присуствува на вечерата на трансатлантските министри за надворешни работи, чиј домаќин е американскиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен. 

Извршниот потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор и за меѓуинституционални односи и в.д. еврокомесар за климатска акција Марош Шефчович денеска ќе има средба со гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија и ќе присуствува на приемот за шефови на држави на Клинтоновата глобална иницијатива за климата. Утре Шефчович ќе се сретне со специјален пратеник на ОН за климатски амбиции и решенија Мајкл Блумберг, ќе претседава со состанокот на Одборот на Глобалниот пакт на градоначалници и ќе учествува на Иновативниот самит на Фондацијата на наградата „Ертшот“ и на дискусијата за мобилизација на приватниот капитал на пазарите во земјите во развој во организација на групацијата „Блумберг“. В среда, Шефчович во рамки на Самитот за климатски амбиции ќе се обрати на тематската сесија „Забрзување на декарбонизацијата преку соработка и имплементација“, а в четврток ќе ја претставува ЕУ на министерските консултации во пресрет на Глобалниот самит за климата во Дубаи и ќе учествува на тркалезната маса „Забрзување на нето нултата транзиција“ на третиот дијалог на високо ниво за енергетска транзиција. В петок еврокомесарот Шефчович ќе учествува на министерските консултации за Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени како претставник на ЕУ. 

Потпретседателката на Европската комисија и еврокомесарка за демократија и демографија Дубравка Шуица денеска ќе се сретне со заменик генералниот секретар на Обединетите нации за политика Гај Бернард Рајдер и со специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН за насилство врз децата Мала Меџид, а утре ќе присуствува на неколку настани во организација на агенции и мисии при ОН посветени на децата и младите и ќе има средба со потсекретарот на Одделот за економски и социјални прашања на Светската организација (ДЕСА), Ли Џунхуа. В среда, Шуица ќе се сретне со заменик генералната секретарка на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал Гети Вели, со специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН за деца и вооружени конфликти Вирџинија Гамба и со чилеанскиот претседател Габриел Борик, а ќе се обрати и на форумот „Активности кон одржлив мир и развој: Давање приоритет на децата“, 

Еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Виргинијус Синкевичиус утре ќе се обрати на настан во организација на Институтот за одржливо лидерство на Кембриџ на тема „Усогласување на климата и природата акција“, на состанокот на нордиските министри за животна средина на сесијата на тема „Кон ставањето крај на загадувањето со пластика до 2040 година“ и на настанот на високо ниво посветен на природата и луѓето „Од амбиција до акција“. В среда тој ќе се обрат на настанот „Градење политички моментум за брза ратификација на Договорот за отворено море“ и ќе учествува на собирот на тема „Доближување до глобален договор за пластиката“ и на приемот по повод потпишувањето на Договорот за отворено море. 

На маргините на Генералното собрание на ОН, претставниците на ЕУ ќе имаа и други билатерални средби со учесници на собирот. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан