• петок, 05 декември 2025

Иран тврди дека погодил израелски воени цели во вечерашниот напад

Иран тврди дека погодил израелски воени цели во вечерашниот напад

Техеран, 14 јуни 2025 (МИА) – Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека ирански ракети и дронови погодиле воени цели во Израел во вечерашниот, нов бран одмазднички напади, а како одговор на обновените израелски напади врз Иран.

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нејзините воздухопловни сили лансирале голем број ракети и дронови кон Израел во рамките на воената операција „Вистинско ветување-3“. Засега, овие тврдења не можат да бидат независно потврдени.

Во Израел, службите за итна помош и противпожарните екипи реагираат на извештаи за ракетни напади во областа Хаифа по последниот ирански напад. Според Маген Давид Адом, засега нема пријавени повредени, но екипите проверуваат две локации каде што се пријавени погодоци.

Противпожарната служба соопшти дека одговара на извештаи за оштетена зграда и пожар на отворен простор во регионот. Во северниот град Тамра, источно од Хаифа, медицински екипи известуваат дека одговараат на повик за повредени лица по ракетен удар. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан