Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш
- Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево.

Струмица, 31 декември 2024 (МИА) - Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево.
Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Инаку, заради несреќата и за време на увидот сообраќајот на овој дел од патот се пренасочуваше по стариот пат Струмица-Василево. рт/цр
Фото: МИА архива