• среда, 21 август 2024

Граѓаните да пријавуваат локации на бездомни кучиња кои треба да се заловат и третираат

Граѓаните да пријавуваат локации на бездомни кучиња кои треба да се заловат и третираат

Тетово, 20 август 2024 (МИА) - Граѓаните да пратат фотографија и локација од бездомните кучиња на кои им е потребен третман и згрижување, доколку забележат дека животните немаат ушна маркица што значи дека не се третирани досега. Ова е апел на Ана Агро, прифатилиштето за бездомни кучиња во Тетово кое од минатиот месец почна со работа со цел решавање на проблемот со бездомни животни.

-Ве известуваме дека граѓаните можат да пријават бездомно куче без ушна маркица на следниот контакт телефон  075999950 во периодот од 09:00 до 15:00 во текот на работната недела. Нашиот тим посветено работи на заловување и спроведување на хуман третман на бездомните кучиња и во служба на граѓаните решава долгогодишен проблем. Ги охрабруваме сите сограѓани да го поддржат процесот и да дадат свој придонес со тоа што ќе ни испратат фотографија и локација од бездомните кучиња на кои им е потребен хуман третман и згрижување, апелираат од прифатилиштето Ана Агро.

Прифатилиштето освен за градот е има надлежност и за населените места: Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Голема Речица, Ѓермо, Једоарце, Лавце, Лисец, Мала Речица, Отуње, Порој, Сараќино, Селце, Сетоле, Фалише, Џепчиште и Шипковица.

Друштво за грижа на бездомни кучиња Ана Агро ДООЕЛ со општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка. Според договорот општината има одредено 2.542.372 денари без ДДВ за 12 месечното третирање на бездомните животни.

Прифатилиштето има капацитет од 19 „боксови“ за кучиња. До сега,  Општина Тетово повеќе месеци немаше оператор за третман на бездомни кучиња.ас/са/

Фото: Општина Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан