• сабота, 23 ноември 2024

„Градски паркинг“ овозможи плаќање паркинг со скенирање QR код

„Градски паркинг“ овозможи плаќање паркинг со скенирање QR код
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека за првпат воведува плаќање на услугата паркирање со скенирање на QR код, кој ќе биде достапен на сите информативни табли за начин на наплата, на сите зонски паркиралишта на ниво на градот со кои стопанисува претпријатието. Наплата за услугата паркирање со скенирање на QR код преку мобилен телефон со активна банкарска платежна картичка може да изврши било кој корисник на зонските паркиралишта, домашен или странец. Со воведување на оваа нова технологија, на нашите корисниците им овозможуваме лесно и брзо плаќање на услугата паркирање во само три чекори. Доволно е само со камера од мобилниот телефон да се скенира кодот поставен на долниот десен агол од информативната табла на самото паркиралиште и да се следат чекорите за наплата преку платежна банкарска картичка, информираат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје и посочуваат дека еден од приоритетите на нивното раководство е унапредување, модернизирање, а со тоа и олеснување на условите за корисниците преку воведување на нови технологии. рп/са/

Остани поврзан