Гончаренко: Нападот врз Москва е доказ дека „ние ги имаме картите“
- Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека вечерашните напади врз Москва ја докажуваат способноста на Украина да изврши „многу сериозни“ акции против Русија

Киев, 11 март 2025 (МИА) – Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека вечерашните напади врз Москва ја докажуваат способноста на Украина да изврши „многу сериозни“ акции против Русија.
Тој за Би-би-си истакна дека со нападот се „испраќа порака дека и ние имаме карти“, очигледно алудирајќи на неодамнешната изјава на Доналд Трамп дека верува дека Русија „има карти“ во какви било мировни преговори.
Гончаренко за средбата во Џеда изрази надеж дека преговорите ќе ја вратат довербата помеѓу САД и Украина по вербалниот судир помеѓу Зеленски и Трамп во Овалната соба.
Според него Украина на состанокот се обидува да обезбеди територијален интегритет, суверенитет и безбедносни гаранции. ми/
фото: МИА архива