Годишната конференција на Путин заврши по четири часа и 27 минути
- Традиционалната годишна конференција на која рускиот претседател Владимир Путин одговара на прашања од граѓаните заврши по 4 часа и 27 минути.

Москва, 19 декември 2024 (МИА) - Традиционалната годишна конференција на која рускиот претседател Владимир Путин одговара на прашања од граѓаните заврши по 4 часа и 27 минути.
Граѓаните и новинарите му поставуваа прашања на Путин од различни области, најмногу за војната во Украина и економијата, но и за односите со другите земји, Сирија и социјалните прашања.
Путин одговори на повеќе од 50 прашања, а Русите испратија повеќе од два милиони прашања.
Годинава, сепак, не беше соборен рекордот на траење на годишната конференција од 4 часа и 48 минути, што Путин го постигна во 2013 година. рп/
Фото: МИА архива