• среда, 04 септември 2024

Унгарија ја поддржува Украина во војната, но е против странска помош со смртоносни средства, тврди генерал Боронди

Унгарија ја поддржува Украина во војната, но е против странска помош со смртоносни средства, тврди генерал Боронди

Киев, 4 септември 2024 (МИА) - Унгарија ја поддржува Украина во војната, но не верува во воено решение и се противи на странска помош со смртоносни средства, изјави началникот на Генералштабот на унгарските одбранбени сили, генерал-полковник Габор Боронди.

Во изјава за порталот „Балканска безбедносна мрежа“, Боронди предупреди дека ризикот од ескалација на војната во Украина е голем, особено ако се има предвид „идно мешање на Западот“.

„Конфликтот во Украина продолжува, предизвикувајќи огромни човечки загуби и економска штета. Нема знаци за пробив на бојното поле. Унгарија не верува во воено решение и уште од самиот почеток повика на итен прекин на огнот и мир. Поддржуваме почеток на значајни преговори за одржлив мир кој ќе гарантира долгорочна стабилност и безбедност на европскиот континент“, рече Боронди.

Според него, Унгарија нема да испорача смртоносни средства на Украина.

„Ставот на Унгарија е дека мора да се држиме настрана од воен конфликт и да избегнуваме чекори кои служат само за негово продолжување“, рече генералот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан