Генерал-полковник Михаил Теплински е нов командант на руската воена група „Дњепар“ во Украина
- Генералот Теплински (54) на оваа позиција го замени генерал-полковникот Олег Макаревич, пишува весникот „Известија“.
Москва, 30 октомври 2023 (МИА) - Командантот на руските воено-десантни сили, генерал-полковник Михаил Теплински, е назначен за нов командант на руската воена група „Дњепар“ во Украина, изјави денеска извор за Тасс.
Генералот Теплински (54) на оваа позиција го замени генерал-полковникот Олег Макаревич, пишува весникот „Известија“.
Групата „Дњепар“ е распоредена на југот на Украина, каде што, според американскиот Институт за проучување на војната, украинските сили очигледно на 19 октомври ги пробија руските линии на левиот, јужен брег на реката Дњепар, јавија британските медиуми. сд/
фото:Википедија