• сабота, 23 ноември 2024

Гвардиола фасциниран од Халанд: Ни со пиштол не можат да го запрат

Гвардиола фасциниран од Халанд: Ни со пиштол не можат да го запрат

Манчестер, 1 септември 2024 (МИА) - Поминаа само три кола од Премиер лигата, а нереалниот Ерлинг Халанд веќе има седум гола на своето конто, бидејќи по голот против Челси и трите неодбранливи удари во победата над Ипсвич, практично со нов „хет-трик“ го победи Вест Хем. 

На тој начин повторно го воодушеви својот тренер Пеп Гвардиола, откако Шпанецот најде оригинален начин да ја дефинира неверојатната доминација на Норвежанецот во судирот со противничките дефанзивци. 

-Ерлинг е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол, и тоа сите го знаат! Оваа сезона ја подобри својата игра во сите сегменти. По тренингот останува дополнителни 20 минути или половина час. Минатата сезона тој не го направи тоа ниту еднаш. Среќни сме поради „хет-трикот“, но тој беше вклучен во играта на овој натпревар. Не загуби ниту една топка и играше неверојатно, не само со топка, туку и дефанзивно и офанзивно без неа. Навистина сум задоволен, зрачи од среќа трофејниот стручњак од клупата на актуелниот шампион на Англија.

Ова е трета сезона за Халанд на Островот, по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд. Во првата постигна 52 гола на 53 натпревари, а втората погоди 38 пати на 45 натпревари, откако и двата пати ја освои титулата за најефикасен премиерлигаш. дс

Фото: Архива

Остани поврзан