• сабота, 23 ноември 2024

В понеделник во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

В понеделник во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

Берлин, 7 јуни 2023 (МИА) - Германија се подготвува да биде домаќин на најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО. Воената вежба, во која учествуваат 25 земји и 250 авиони, ќе се одржи од 12 до 23 јуни.

„Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што се Русија, изјавија германски и американски претставници“, пренесуваат локалните медиуми.

Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.

 - Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не присилуваме никого да ја гледа, изјави американската амбасадорка во Германија Ејми Гутман.

Таа појасни дека вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата. - Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин, додаде американската амбасадорка.

Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, учествуваат во вежбите предводени од Германија.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ (Air Defender 23) треба да започне в понеделник, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО. САД ќе испратат 100 авиони и 2.000 персонал за да учествуваат во вежбата.

- Покажуваме дека територијата на НАТО е нашата црвена линија, дека сме подготвени да го браниме секој сантиметар од оваа територија, изјави генерал-полковник на германските воздухопловни сили Инго Герхарц. Но, високиот германски командант инсистира на тоа дека вежбата е дизајнирана да покаже „одбранбена“ позиција кон Русија, пренесува Дојче веле.

- Но, ние, на пример, нема да вршиме никакви летови кон Калининград. Значи, ова е наменето да биде одбранбено, појасни тој. ссм/

Остани поврзан