• вторник, 24 декември 2024

Ердоган најави изградба на сопствен ПВО систем - ако Израел има „Железна купола“, ние ќе имаме „Челична купола“

Ердоган најави изградба на сопствен ПВО систем - ако Израел има „Железна купола“, ние ќе имаме „Челична купола“

Анкара, 1 септември 2024 (МИА) – Турција ќе создаде сопствен систем за противвоздушна одбрана „Челична купола“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Се надеваме дека ќе го реализираме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. Ако Израел има „Железна купола“, тогаш ние ќе имаме „Челична купола“, рече Ердоган во говорот за време на церемонијата на дипломирање во Академијата на воздухопловните сили.

Ердоган, како што пренесува Анадолија, особено го нагласи напредокот што го постигна Турција во областа на производството на беспилотни летала.

-Импулсот што го постигнавме во секторот на беспилотни летала со завист го следат не само нашите пријателски и братски нации, туку и целиот свет, рече тој.

Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара за натамошно зајакнување на туските воени капацитети.

-Работиме на производство, развој и набавка на сè што бара нашето воздухопловство, од проектили до системи за противвоздушна одбрана, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција е особено посветена на производството во одбранбената индустрија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан