Во Азербејџан се оддржуваат предвремени парламентарни избори
- Според Уставот, изборите треба да се одржат во ноември, но Алиев нареди тие да се одржат два месеци порано бидејќи главниот град Баку тогаш ќе биде домаќин на разговорите во Обединетите нации за климата, попознати како COP29.
Баку, 1 септември 2024 (МИА) - Во Азербејџан денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, први во земјата откако минатата година во молскавична офанзива ја поврати целосната контрола врз Нагорно Карабах, поранешната отцепена територија од Ерменија.
Претходните избори што се одржуваа по независноста од Советскиот Сојуз не се сметаа за целосно слободни или фер, а гласањето за парламентот не се очекува да донесе значителни промени во телото во кое доминира Новата Азербејџанска партија на претседателот Илхам Алиев.
Според Уставот, изборите треба да се одржат во ноември, но Алиев нареди тие да се одржат два месеци порано бидејќи главниот град Баку тогаш ќе биде домаќин на разговорите во Обединетите нации за климата, попознати како COP29.
Алиев и неговиот покоен татко, Хејдар Алиев, управуваат со Азербејџан со цврста рака од 1993 година, потиснувајќи ги противниците, бидејќи земјата со речиси 10 милиони жители на брегот на Каспиското Море ужива се растечко богатство благодарение на огромните резерви на нафта и природен гас.
Партијата Нов Азербејџан има 69 од 125 места во парламентот, а најголемиот дел од останатите припаѓаат на мали провладини партии или независни партии.
Партијата Мусават, најголемата опозициска партија, истакна 34 кандидати за денешните избори, но само 25 се регистрирани.
Опозициската партија Републиканска алтернатива има 12 кандидати.
Националната изборна комисија соопшти дека 50 организации ќе ги набљудуваат изборите.сд/