• сабота, 23 ноември 2024

В недела Ден на жалост во Црна Гора

В недела Ден на жалост во Црна Гора

Подгорица, 5 мај 2023 (МИА) - Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ.

„Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија“, рече тој.

Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени. ссм/

фото: pixabay.com

Остани поврзан