Вучиќ: На протестот пред Уставниот суд имаше повеќе од 12.000 луѓе
- Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на собирот пред Уставниот суд во Белград имало повеќе од 12.000 луѓе, додавајќи дека тие треба да се почитуваат.

Белград, 12 јануари 2025 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на собирот пред Уставниот суд во Белград имало повеќе од 12.000 луѓе, додавајќи дека тие треба да се почитуваат.
- На протестот присуствуваа повеќе од 12.000 луѓе. Највисоката проценка е 13.700. Тоа е респектабилна бројка на луѓе, тие накратко кажаа некои свои ставови и тоа е тоа, рече Вучиќ за време на гостувањето на телевизијата Пинк, пренесе Бета.
Студентскиот протест „Важно е да имаш (у)став“ на кој присуствуваа неколку илјади студенти и граѓани заврши кусо по 17 часот, а студентите посочија кои членови од Уставот сметаат дека власта ги прекршила изминатите месеци. јт/
Фото: ЕПА