Во Штип интензивно се расчистуваат улиците од снежните врнежи
- Улиците низ централното градско подрачје во Штип кои се од прв приоритет и кои водат до Клиничка болница – Штип интензивно се чистат од снежните наноси, информира за МИА директорот на ЈП „Стипион“ – Штип, Панче Стефановски.

Штип, 12 јануари 2025 (МИА) – Улиците низ централното градско подрачје во Штип кои се од прв приоритет и кои водат до Клиничка болница – Штип интензивно се чистат од снежните наноси, информира за МИА директорот на ЈП „Стипион“ – Штип, Панче Стефановски.
Како што посочи Стефановски, во моментов има околу 14 возила кои работат на терен и ги чистат приоритетните улици и булевари.
– Можам да кажам дека во моментов имаме околу 14 возила кои се на терен и ги чистат приориритетните улици, булеварите, како и влезовите и излезите на градот Штип. Имаме багери, соларки, грејдери, уни магови. Ова е механизација на ЈП „Стипион“, но и на фирми кои имаат добиено на тендер за одржување на улиците во зимски услови, вели Стефановски.
Интензивно се чистат улиците низ централното градско подрачје од снежните наноси, оние кои се од прв приоритет и кои водат до Клиничка болница – Штип и до сите институции, вели за МИА директорот на ЈП „Стипион“ – Штип, Панче Стефановски.
Истакна дека на терен по 15 часот работи втората смена од вработените во ЈП „Стипион“ – Штип, кои ги чистат коловозите со ризла и сол. Стефановски вели се чистат и улиците во поголемите населби низ градот, со цел да има проток на возила, посочувајќи дека снегот континуирано паѓа од синоќа, додека теренските активности не запираат со цел одржување на улиците низ градот Штип. вдј/ра
Фото: МИА