• четврток, 26 декември 2024

Во тек огласот за прием на 600 нови полициски службеници 

Во тек огласот за прием на 600 нови полициски службеници 

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани и сообраќајни полициски службеници, гранична полиција и специјални полициски единици и ги повикува сите заинтересирани да се пријават.

-Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина.Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа. Полицијата работи на спречување, откривање и санкционирање на сите видови криминал. Затоа биди меѓу најдобрите, биди секогаш прв, биди полицаец, велат од МВР.

Од Министерството нагласуваат дека да се биде полицаец е повик, а не обична професија.

-Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот. Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец!, се вели во денешното соопштение од МВР. сст/мд/

фото МВР

 

Остани поврзан