• понеделник, 14 јули 2025

Информативен ден за Оперативниот план за вработување во Битола

Информативен ден за Оперативниот план за вработување во Битола

Битола, 13 јуни 2025 (МИА) - Во рамки на активностите за промоција на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, денеска во салата на кино „Манаки“ во Битола ќе се одржи информативен ден.

На информативниот ден во Битола ќе бидат присутни претставници од Министерството за економија и труд, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и претставници од општините Битола, Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар.

На инфоденовите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд.

Пред почетокот на настанот, предивдени се изјави за медиумите од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. цр/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан