• вторник, 15 јули 2025

Одбележување 80 години од раѓањето на д-р Зденка Рибарова во организација на Институтот за македонски јазик

Одбележување 80 години од раѓањето на д-р Зденка Рибарова во организација на Институтот за македонски јазик

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) – Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира одбележување на 80-годишнината од раѓањето на д-р Зденка Рибарова.

Како што соопштуваат од Институтот, одбележувањето ќе биде отворено со воведно обраќање на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, а потоа проф. д-р Лилјана Макаријоска ќе се осврне кон придонесот на д-р Зденка Рибарова во проучувањето и афирмацијата на македонското ракописно наследство.

Ќе бидат промовирани и две изданија - „Кратовско евангелие“, кое ќе го претстави проф. д-р Емилија Црвенковска, и „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“, кој ќе го промовира проф. д-р Веселинка Лаброска  ра/хс/ 

Фото: Институт за македонски јазик

 

Остани поврзан