Без вода корисници на дел од општина Центар
- Корисниците од улиците „Боро Петрушевски“ и „Ѓорги Абаџиев“ во Општина Центар ќе немаат вода поради поставување водоводен приклучок на ул „Боро Петрушевски“ бр 14.

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) - Корисниците од улиците „Боро Петрушевски“ и „Ѓорги Абаџиев“ во Општина Центар ќе немаат вода поради поставување водоводен приклучок на ул „Боро Петрушевски“ бр 14.
ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Фото: МИА архива