• понеделник, 23 декември 2024

Во последните три години поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави против бесправното сечење на дрва за огрев

Во последните три години поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави против бесправното сечење на дрва за огрев

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржаа работна средба со претставници на Шумската полиција и МВР на тема „Успешни акции заплена на дрва за огрев 2017-2023“.

Николовски на денешната прес-конференција истакна дека во периодот од јануари до ноември оваа година, шумската полиција има поднесено вкупно 1258 прекршочни и 97 кривични пријави, за кои, како што рече, МВР има соодветни пријави. Додаде дека привремено се одземени 76 товарни моторни возила, 207 патнички возила, 42 трактори, 49 тракторски приколки, 126 моторни пили. Привремено е одземена дрвна маса во износ од 2148 кубни метри огревно дрво, 103 метри кубни техничко и 431 метар кубен.

Во последните три години, Николовски рече поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави и изречени се 3.100 правосилни пресуди. Привременио се одземени над 10.000 метри кубни дрвна маса, доколку пак, 1100 метри кубни дрвна маса е останата на лице место, поради како што рече, неможност за транспорт. Во овој период одземени се 248 камиони, 1009 патнички возила, 112 трактори, 400 приколки, 471 моторна пила и 122 рачни пили и над 400 секири и друга опрема за сечење на дрво.

-Ќе ја издвојам големата полициска акција која што беше организирана на 19-ти и 20-ти септември во скопска Црна Гора, како една од критичните точки каде што беа лишени од слобода повеќе од 10 лица. Во текот на октомври и ноември реализирани се повеќе заеднички акции каде што е лишена поголема група на луѓе, и секако бројките утврдуваат поголема бројка на количина на одземени предмети, рече Николовски.

Министерот Спасовски нагласи дека со преземање на раководењето со МВР, борбата со овој вид криминал е поставена високо на агендата на Министерството и полицијата, бидејќи шумите се непроценливо богатство и природен ресурс кој не се обновува брзо.

Заедничките акциски контроли со засилено темпо почнаа уште во 2017 година, рече Спасовски, кога имавме 767 контроли при што беше запленета дрвна маса од 325 кубни метри бесправно исечени дрва. Додаде дека минатата 2022 година МВР во координација со МЗШВ во заеднички акции имаат реализирано 1828 акциски контроли со запленети над 1457 кубни метри дрва.

-Досега од 2017, и ако се земат првите девет месеци од оваа година, вкупната бројка на заеднички акциски контроли е 7500, со запленети 4523 кубни метри бесправно сечена дрвна маса“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека од 2017 година досега од страна на МВР се поднесени вкупно 943 кривични пријави до Основните јавни обвинителства, за сторени вкупно 1176 кривични дела за кои пријавени се вкупно 1473 сторители, меѓу кои најзастапени се „кражба“, „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „пустошење шума“, изјави министерот Спасовски. ра/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан